Основни подаци о мени

Моја слика
Jas sum Ivana Stojanoska. Odam vo O.U."Ko4o Racin"-Prilep. Imam 12 godini-6to oddelenie i taka...

Пратиоци

среда, 5. мај 2010.

Мајмун







Мајмун

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
За други значења на овој поим, видете Мајмун (појаснување).
Мајмун
Макаки мајмун (Macaca fascicularis)
Научна класификација
Царство: Животни
Тип: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Примати
Подред: Haplorrhini
Инфраред: Simiiformes
Фамилија

-{Cebidae}-
-{Aotidae}-
-{Pitheciidae}-
-{Atelidae}-
-{Cercopithecidae}-

Приближна светска дистрибуција на мајмуните

Мајмун е име за неколку различни животински видови од редот примати, кој спаѓа во класата на цицачи. Тоа не е систематски термин. Редот на приматите може да се подели во две групи: во првата се вбројуваат сите полумајмуни (Prosimii), а во другата вистинските мајмуни, човеколиките мајмуни и луѓето (Anthropoidea). Во потесна смисла, терминот „мајмун“ би се однесувал за вистинските и човеколиките мајмуни (но не е грешно и ако се вклучат полумајмуните, бидејќи самиот термин не е монофилетска група). Во поширока смисла на зборот, мајмун би бил термин за кој било вид на примат, освен човекот и неговите непосредни претци.

[уреди] Општи особини

Лицето на мајмуните е главно без влакна и е со развиена мускулатура која ја овозможува мимиката, која е важна за меѓусебната комуникација. Сетилото за мирис е послабо развиено. Забите се од бунодонтен тип. Стопалата се зарамнети, сите екстремитети се петточлени, а на врвот на прстите се наоѓаат широки, зарамнети и орожнати нокти. Првиот прст (палец) и на предните, а и на задните екстремитети им опонира на останатите, што е адаптација кон подобро прифаќање на предметите (прилагодување за живот на дрво). Женката има само еден пар на млечни жлезди кои се сместени на градите. Матката е едноставна (uterus simplex), а плацентата е дискоидална. Бројот на родените млади е мал, а најчесто изнесува едно младенче.

[уреди] Еволуција

Од самото име на редот се заклучува дека се работи за најсовршените (првични) цицачи. Приматите се многу стара група која во текот на Терциер се одвоила од своите сродници. Притоа се сочувале многу примитивни карактеристики кои се слични на оние од инсектојадите и другите примитивни цицачи. Многу други групи на цицачи, како копитарите, неспоредливо помалку ја менувале својата организација во текот на еволуцијата. Единствено мозокот кај приматите (особено кај човекот) достигнал неспоредливо повисок степен на организација за разлика од останатите животни. Кај мајмуните, големиот мозок е силно развиен, а мозочната кора е доста набрана.

1 коментар: