
Видови
Постојат 3 видови на коала. Според Бергмановото правило, единките кои живеат на југ каде
што е поладно се поголеми. Викторијанската коaла (P. cinereus victor) се карактеризира со подолго и подебело крзно со посветли чоколадно кафени нијанси на грбот и подлактиците и бушави бели уши. Мажјаците од овој вид тежат околу 12 килограми, додека женките тежат нешто помалку од 8,5 килограми. Од друга страна, пак, во тропските и суптропските предели на Квинсленд, коалите со латинско име P. cinereus adustus се помали (мажјаците тежат 6,5 килограми а женките само 5 килограми). Тие се посветли, со сива боја и имаат пократко и потенко крзно од јужните коали. Третиот вид на коала е од Нов Јужен Велс (P. cinereus cinereus).[5]
Фосилни остатоци од коалите се многу ретки но некои се најдени во северна Австралија и се стари околу 20 милиони години. На основа на други фосилни остатоци, стари 50 000 години, џиновските коали ја населувале јужната област на Австралија.[6]
Физички опис
Според надворешниот изглед, коалата е најслична со вомбатот но има подебело крзно, многу поголеми уши и подолги нозе со големи и остри канџи прилагодени за качување по дрва. Тежината им варира од околу 14 килограми кај поголемите, јужни машки примероци до 4 килограми кај помалите северни женки.[7]
Коалата е еден од ретките цицачи која има отпечаток од прстите. Всушност, отпечатокот е толку сличен со човековиот што дури и под микроскоп е тешко да се разликуваат.[8]
Мозокот на коалата е со необично мали димензии, околу 40% од кранијалната празнина е исполнета со течност. Тоа е единствено животно со такво смалување на мозокот во текот на развитокот.[9]
Големиот нос на коалата е една од нејзините најважни карактеристики. Таа има силно развиено сетило за мирис што и помага да открие кои листови од еукалиптус се безбедни за консумирање.Очите им се релативно мали во споредба со големината на останатите сетилни органи и видот не им е високо развиен.
Температурата на телото им е незначително помала од температурата на останатите цицачи и се движи околу 36.6 C. Срцето им чука помеѓу 70-140 пати во минута (ова зависи од многу фактори вклучувајќи ја и возраста на коалата). Тешкое да им се измери пулсот затоа што имаат синус аритмија што значи дека нивниот пулс и дишењето не се синхронизирани. Ова предизвикува промени во пулсот кои не се рефлексија на вистинската работа на срцето.[10]
Генерално, коалата е тивка и мирна но мажјаците произведуваат многу гласни звуци во текот на сезоната на размножување кои можат да се слушнат дури на 1 километар одалеченост. Во случај на страв или стрес, коалите плачат гласно и тоа многу слично со плачот на бебе.[11]
Не постојат точни информации за животниот век на коалите но се знае дека во заробеништво живеат околу 15 години и тоа мажјаците во просек до 13 години а женките и до 20 години.[12]
Животен циклус
Женките достигнуваат зрелост на старост од 2-3 години а мажјаците на старост од 3-4 години. Здрава женка може да раѓа по едно младо годишно околу 12 години. Бременоста трае 35 дена. Близнаците се многу ретки а првите се родени на Универзитот Квинсленд во април 1999 година со имиња Euca и Lyptus.Парењето, во нормални услови, обично се случува помеѓу декември и март (овој период го претставува летниот период во јужната хемисфера).[13]
Бебето коала се нарекува “joey” и е без крзно, без уши и слепо. Се раѓа со должина од 1,5 сантиметри и останува во торбата на мајката свртено со главата надоле и се прикачува за една од дојките на мајката.[14]
Младите остануваат скриени во торбата на мајката околу 6 месеци и се хранат само со мајчиното млеко. За овој период им растат уши, крзно и прогледуваат. Потоа, младото почнува да го истражува надворешниот свет и конзумира мали количества на листови еукалиптус.[15]
Младото останува со мајката уште 6 месеци и се храни комбинирано, со млеко и еукалиптус, се до 12 месечна возраст кога доењето престанува. Женките се одделуваат од мајката на 12 месеци но се населуваат во нивна близина додека мажјаците остануваат со мајката до 2-3 години.[16]
Ovie mali sustestva se slatki :):):):):) !!!!!!!!!!
ОдговориИзбришиau so see slatkii..:D
ОдговориИзбриши